Нотингем го совлада Вест хем и најави невидена драма во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа со 2-1 против Вест хем во 37. коло од Премиер лигата со што најави неизвесност во последното коло од англиската елита каде што неколку екипи ќе се борат за место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Гибс-Вајт беше стрелец на првиот гол за „шумарите“ во 11. минута, додека Ентони Еланга зголеми на 2-0 во 61. минута. Драмата почна во финишот кога Боуен стрелаше за 1-2, по што лондонската екипа имаше уште неколку шанси, меѓутоа мрежите останаа да мируваат.

Нотингем во последното коло ќе се судри со Челси на домашен терен и ќе решава за место во ЛШ, а во игра за позициите кои водат во елитното натпреварување се уште и Манчестер сити, Астон вила, Њукасл и Арсенал.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Nottingham Forest