Варди го постигна 200. гол и со стил се збогува со навивачите на Лестер (ВИДЕО)

Легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди погоди во победата против Ипсвич со 2-0 во 37. коло од Премиер лигата, а тоа беше последниот меч за поранешниот англиски репрезентативец на „Кинг Пауер“ во дресот на „лисиците“.

Варди го одигра неговиот 500. меч за поранешниот англиски шампион, а исто така го постигна неговиот 200. гол во кариерата и се збогува со домашните навивачи на најдобар можен начин.

Искусниот напаѓач не планира да се пензионира на крајот на сезоната, туку го чека нов предизвик во кариерата.

Фото: Facebook/Leicester City Football Club