Aлкалоид славеше среде Атина: Момците на Лазаров на чекор до историја! (ФОТО)
По почетните 2-0 за грчкот состав гледавме изедначено прво полувреме во кое најчесто се играше гол за гол. АЕК одново стигна до плус два 14-12, меѓутоа во финишот момците на Лазаров со серија од 0-4 си обезбедија предност на полувремето од 14-16.
Серијата на Алкалоид од првото полувреме како да беше најава за она што следуваше во вториот дел кога македонскиот претсставник констатно беше подобар противник и ја одржуваше предноста од 2-3 гола, а во финишот и успеаа да дојдат до победа од четири гола разлика.
АЕК во ниту еден момент не успеа да го загрози водството на тимот од Автокоманда и сето тоа донесе до една тензична атмосфера во која од трибините со тврд предмет беше погоден Митев.
Посебно одлични денес беа голманите на Алкалоид, Кизиќ собра десет одбранети удари, додека Галевски девет, но за истакнување е што успеа да ги одбрани сите пет седмерци кои ги имаше против ракометаритен на грчкиот состав. Најефикасен беше Мартин Серафимов со шест гола, додека Франциско Да Слва додека пет.
Алкалоид сега има одлична можност на свој терен во Скопје за седум дена да го прослави првиот европски трофеј во својата клупска историја.