
Гатузо: Трајковски слободно можеше да ме отера „каде што не треба"!
Гатузо го пофали Трајковски, а како една од причините што не му давал премногу шанса ги истакна повредите.
–„Трајковски го заслужи ова. Кога постигна гол, слободно можеше да ме испрати „каде што не треба“, со оглед на тоа што ретко играше. Имаше проблеми со повреди, но секогаш беше расположен, позитивен. Како тренер, му должам благодарност. Никогаш немав проблем со него“, изјави Гатузо
Зборуваше Гатузо и за последното коло во кое Хајдук влегува со шанси за титулата, но ќе мора да чека киксови на Динамо Загреб и Риека бидејќи има два бода помалку.
Не сум пророк за да предвидам како ќе заврши последното коло. Ја имавме шансата, но не ја искористивме. Да победевме во Горица, сите ќе имавме по 62 бода. Сега не чека Шибеник, чувството на горчина е тука, но надежта сѐ уште не нѐ напушти“, истакна италијанскиот стратег.
Како што веќе потврди заминува на крајот од сезоната, а како што вели причина е што не се вклопува во средината и размислувањата на луѓето кои го водат клубот.
„Никола Калиниќ ме убедуваше 20 дена да дојдам. Не сакам никого да навредам во Сплит, но навикнат сум да работам поинаку. Мојот поглед на фудбалот е различен. Имав тешка сезона. Благодарен сум на сите во клубот, но ме мачи организацијата. Една година во Хајдук вреди колку пет на друго место. Уморен сум. Морам да земам здив – искрено призна италијанскиот стратег.
Фото: HNK Hajduk Split/FB