Галатасарај ја потврди титулата со - гол на голманот Муслера! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Галатасарај денеска со победа од 3-0 над Кајсериспор ја потврдија титулата во турското првенство на две кола пред крајот.

Галатасарај со победата ја задржа предноста од осум бода која е недостижна за Фенербахче во последните две кола. За Галатасарај ова е 25. титула во првенство, додека Фенербахче кој веќе цели 11 години чека на славје што е предолго за ваков клуб останува на 19.

На натпреварот на Галатасарај против Кајсериспор видовме и необичен момент во кој во листата на стрелци се запиша голманот Муслера и тоа со удар од белата точка пред крајот на средбата.