Лазаров: Победивме тим со голема традиција, но ништо не е завршено

Eкипата на Алкалоид одигра фантастичен натпревар во Атина и со победа од 25-29 се враќа во Скопје каде што за седум дена ќе го игра реваншот за трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

По натпреварот Лазаров во изјава за грчките медиуми потенцираше дека и понатаму работата не е завршена.

„Одигравме добар натпревар против тим со голема традиција и искуство. Но, ништо не е завршено, можеби предноста од четири гола изгледа како голема предност, меѓутоа мораме да одиграме на високо ниво и во реваншот. АЕК е тим со квалитетни ракометари и има свои адути.Знаеме дека нема да биде лесно“, изјави Лазаров.

Реваншот помеѓу Алкалоид и АЕК е закажан за 25 мај со пчеток до 20:30 часот.