Трајковски херој, Хајдук ја доби Риека - ќе се надева на титула до самиот крај! (ВИДЕО)

Битката за титула во хрватското првенство ќе се решава во последното коло во кое сите три екипи, Динамо, Риека и Хајдук ќе имаат свои шанси.

Во дербито во Сплит денеска Хајдук ја победи Риека со 2-1 и така дојде до 60 бода, два помалку од денешниот противник и Динамо, па ќе чека нивни кикс во последното коло за да има можност да се радува на титулата.

Во водство Хајдук денеска дојде о голот на Марко Ливаја од пенал по само 12 минути игра, додека Чоп во вториот дел во 73. минута се погрижи за израмнување.

Херој за тимот на Гатузо беше македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој влезе во игра една минута по голот на Рикеа и четири минути подоцна одлично стрелаше со глава за 2-1, резултат кој се покажа и како конечен. 

Во последното коло Хајдук гостува кај Шибеник, Риека го пречекува Славен Белупо, додека Динамо на свој терен ќе се соочи со Вараждин.

 

 

Standings provided by Sofascore

Фото. HNK Hajduk Split/FB