Арсими се пласира во Првата лига, а Башкими ќе игра бараж!

Фудбалерите на Арсими триумфираа на гостувањето кај Вардар Неготино со 4-0 и се пласираа во Првата лига, додека дербито во Штип му припадна на Башкими со 1-0 против Брегалница, а со тоа си обезбеди бараж за пласман во елитата. Претходно првото место и пласман во повисок ранг си обезбеди и Македонија Ѓорче Петров.

Арсими уште во првото полувреме направи чекор кон Првата лига, откако водеше со убедливи 3-0 против Вардар Неготино, по што до крајот на мечот постигна уште еден погодок за историски пласман меѓу најдобрите македонски екипи.

Башкими имаше одлична шанса во осмата минута против Брегалница, но домаќинот на домашните со извонредна одбрана ја зачува својата мрежа. Сепак, една минута подоцна гостите стрелаа преку Емир Асани.

Брегалница во продолжение на првиот дел ја презема контролата и создаде неколку добри шанси, меѓутоа чуварот на мрежата на Башкими беше на висина на задачата. Идентично беше и во второто полувреме, но штипската екипа никако не успеваше да ја пробие одбраната на тимот од Куманово.

Македонија Ѓорче Петров од претходно обезбеди пласман во Првата лига, а денеска го потврди и првото место со 65 бодови, по што им се приклучи и Арсими (65), додека Башкими е трет со 63 поени и ќе решава против Беса за место во елитата. 

Резултати - 30. коло - Втора лига:

Брегалница – Башкими 0-1
Борец – Охрид 2-0
Детонит Плачковица – Победа 1-1
Осогово – Вардарски 0-0
Скопје – Саса 3-2
Кожуф – Новаци 5-1
Македонија ЃП 0-0
Вардар Неготино – Арсими 0-4

Фото: Facebook/KF Arsimi