Галевски ги збесна Грците, домашните ракометари ги смируваа навивачите (ВИДЕО)

Македонскиот голман Иван Галевски игра одличен натпревар против грчки АЕК и успеа да ги одбрани сите четири обиди на ракометарите на грчкиот состав од седум метри.

Посебно бурно Галевски реагираше по третиот одбранет пенал, откако претходно навивачите со тврд предмет го погодија Митев во глава. Таквата ситуација веројатно придонесе за дополнителна мотивација кај македонскиот голман кој бурно прослави.

Во следниот напад Алкалоид постигна и гол, а тогаш домашните ракометари беа принудени и да ги смируваат домашните фанови.