Ферстапен побрз од ривалите од Мекларен на трката во Имола

Возачот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз на трката во Имола, каде зад себе ги остави ривалите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Ферстапен ја возеше неговата 400. трка во болидот на Ред Бул и ја прослави на вистински начин, откако зад него заврши Норис со заостанување од шест секунди, додека најмногу загуби Пјастри кој тргна од пол-позиција.

Во топ-10 на трката во Имола завршија и Хамилтон, Албон, Леклер, Расел, Сајнц, Хаџар и Цунода.

Фото: EPA PHOTO