
Пораз од Летонија кој не боли: Македонија по 20 години за првпат ќе игра во Втората дивизија од Дејвис купот!
Во денешните мечеви, Јанев загуби со 1-0, а потоа Ивановски израмни на 1-1, нно Летонците кои го освоија турнирот беа подобри во мечот во двојки во кои за нас настапија Ивановски и Мицов против Озолинс и Стромбач.
Двата сета беа изедначени, Ивнаовсски и Мицов по еднаш го загубија сервисот, па Летонците о по 6-4 дојдоа до победата.
На табелата Летонија заврши прва со максимални пет победи, Црна Гора се најде на втората позиција со четири победи и еден пораз, додека Македонија со три триумфи и два порзи го освои последното место кое водиво ранг погоре. Настапот во втората дивизија за Македонија е прв по пауза од 20 години.
Зад нас на табелата беа селекциите на Молдавија, Малта и Ерменија.