
Хорор во Берлин: Убиен боксер без ниту еден пораз – бил избоден до смрт!
До инцидентот дошло по физички конфликт меѓу Јусупов и група лица, во кој тој бил избоден во пределот на вратот, по што полицијата интервенирала и се обидела да го реанимира. Јусупов бил пренесен во болница, но подлегнал на повредите. Светската боксерска заедница изрази шок и тага по трагичната вест, а организацијата ВБЦ упати сочувство до семејството и блиските на боксерот.
„Целото семејство на ВБЦ организацијата изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Абу во овие тешки моменти“, стои во соопштението.
Јусупов, роден во Чеченија, професионална кариера ја почна во 2020 година со брз нокаут над Бенџамин Кунц за само 39 секунди. Во текот на кариерата забележа девет победи, од кои шест со прекин, без ниту еден пораз.Неговата последна борба се одржа во јануари оваа година, кога со едногласна одлука на судиите го победи Гиорги Канделаки.
Зад себе остави сопруга и тројца мали деца.
ФОТО: Инстаграм