Лоши квалификации за Мекларен: Расел и Ферстапен ќе стартуваат први во Канада!

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, извозе перфектен круг буквално во последните секунди од третата квалификациска сесија што втора година по ред му донесе пол-позиција за утрешната трка за Големата награда на Канада.

Тој максимално „стискаше“ во битката со времето и покажа дека може да се носи со сезонава подоминантните ривали од Мекларен и Ред Бул. Актуелниот првак, Макс Ферстапен, имаше одлични квалификации и секунди го долеа до првото место, но на крајот мораше да се задоволи со втората стартна позиција.

Лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри, со својот Мекларен дојде само до третата позиција, додека неговиот клупски колега имаше ужасен ден и утрешната трка ќе ја почне дури како седми. Помеѓу клупските колеги се најдоа Кими Антонели во Мерцедес, Луис Хамилтон со Ферари и најпријатното изненадување – Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин.

Трката за Големата награда на Канада се вози утре со почеток во 20 часот по македонско време.

ФОТО: EPA PHOTO