Ајакс доживеа историски дебакл: ПСВ ја освои титулата во Холандија!

ПСВ денеска славеше со 3-1 против Спарта Ротердам и ја обезбеди титулата во холандскиот шампионат, а најголем губитник е нивниот ривал Ајакс кој неодамна имаше девет поени предност во првенството, меѓутоа успеа да ги прокоцка.

Иван Перишиќ во 27. минута погоди за 1-0, по што Зекел израмни на 1-1 на стартот на второто полувреме. ПСВ, сепак, го скрши отпорот на ривалот од Ротердам и со головите на Лук Де Јонг и Тилман ги постави конечните 3-1.

Фудбалерите на ПСВ ја завршија сезоната на првото место со 79 бодови, додека Ајакс остана втор со 78 поени.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/PSV