Епска драма во Холандија: Ајакс на прагот на историски дебакл

Пред неполн месец, Ајакс имаше девет бода предност пред ПСВ и навиачите почнаа да ја слават новата шампионска титула во холандското првенство.

Од синоќа, најтрофејниот тим во Холандија е на второто место затоа што во последните четири кола освои само од можните 12 бода. Капак на серијата лоши резултати беше вчерашното реми на гостувањето кај Гронинген каде имаше водство од 2-1 до 99. минута, а потоа прими гол кој му овозможи на ПСВ да го преземе врвот, во пресрет на последното коло кое се игра во текот на викендот.

За волја на вистината, Ајакс не е без шанси сепак да ја освои титулата бидејќи во последното коло го пречекува Твенте, а ПСВ оди на гости кај Спарта Ротердам која се бори за местата што водат во бараж за европските купови.

Ако по некоја случајност Ајакс ја освои титула, тоа ќе биде уште еден пресврт во холандското првенство оваа сезона затоа што ПСВ беше тој што го диктираше темпото и играше одлично до јануари кога, слично како тимот од Амстердам, во шест кола освои само четири бода и му го препушти врвот на својот голем ривал.