Лапорта ги израдува навивачите - тројца фудбалери потпишуваат нови договори!

Барселона има одлична сезона во која ја освои Ла Лига, но и Купот и Суперкупот на Шпанија, по што претседателот на клубот, Жоан Лапорта тргна во акција да ги продолжи договорите на најважните фудбалери.

Лапорта соопшти дека е постигнат нов договор со најталентираниот фудбалер во клубот, Ламин Јамал и наскоро ќе биде официјално потврдена соработката меѓу двете страни.

Каталонскиот гигант не планира тука да застане, туку Лапорта најави уште два потписи во Барселона, а тоа се продолжување на договорите на Френки Де Јонг и Рафиња.

Standings provided by Sofascore

Фото: EPA PHOTO