Лазаров го одреди составот на Алкалоид со кој ќе тргне во финалната битка против АЕК

Денеска од 18 часот во Атина, Алкалоид против АЕК го почнува финалето од ЕХФ Европскиот куп, познати се составите на двата тима за овој меч.

Составот на Кире Лазаров е без промени во однос на оној од последните меѓународни натпревари. Познато е дека не може да смета на својот најдобар ракометар, Марко Митев, а поради повреда уште надвор од конкуренција е и капитенот Ѓоргиев.

Денешниот натпревар, како и реваншот во Скопје за седум дена, ќе биде пренесуван на МТВ.