Навивач по финалето во ФА-купот: 70 години го чекав ова, мислев дека ќе умрам!

Кристал Палас по конечно го освои првиот голем пехар, и тоа со триумф од 1-0 против Манчестер сити во ФА-купот, а еден навивач кажа дека цел живот го чекал историскиот момент на лондонскиот тим.

Новинарите на „Дејли Мејл“ сретнаа навивач на Кристал Палас, кој посочи дека 70 години чекал премиерлигашот да се закити со трофеј.

„Мислев дека ќе умрам пред да се случи ова. Многу ми значи ова затоа што 70 години го чекав овој момент. Навистина мислев дека ќе умрам пред да се случи ова“, кажа навивачот.

Кристал Палас има солидна сезона и во Премиер лигата, односно се наоѓа на 12. место на табелата на две кола пред крајот. 

Standings provided by Sofascore