На Модриќ не му се важни парите, има само - една желба!

Наскоро треба да биде решена иднината на Лука Модриќ, неговиот договор со Реал Мадрид истекува со завршувањето на сезоната.

Гласни се шпекулациите дека Модриќ би можел да замине од клубот, но постојат и такви кои му даваат шанса на Хрватот сепак да остане.

„Марка“ пишува дека на Модриќ не му се важни парите, тој е подготвен за намалена плата да остане во Реал Мадрид и наредната сезона.

Желбата на Модриќ е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, но по крајот на следната сезона со цел да игра на највисоко ниво до почетокот на Светското фудбалско првенство.

Идеалното сценарио за Лука Модриќ е да потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид и да стави крај на кариерата по настапот со Хрватска на Мундијалот 2026 година.

Во наредните денови, Модриќ ќе има состанок со Перез по кој ќе се знае каква ќе биде иднината на Хрватот.