
Млад бек од Тунис го засили Пелистер 2
Азис доаѓа во редовите на екипата од Битола и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига.
„Нашето ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда“, соопшти Пелистер.