
Најлуда фудбалска сезона, се случуваа чуда во - четири држави! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Кристал Палас го совладаа Манчестер Сити со 1-0 во финалето од ФА Купот и испишаа клупска историја. Тие постојат 120 години, а ова за нив беше првиот голем трофеј.
Во Англија за првпат се радуваа навивачи и на друг клуб. Фудбалерите на Њукасл го кренаа трофејот од англискиот Лига Куп откако со 2-1 го совладаа Ливерпул на Вембли. За овој клуб ова е прво освоено големо натпреварување уште од 1955 година кога триумфираа во ФА Купот.
Со оглед на тоа што малкумина од фановите на Њукасл може да го паметат трофејот од 1955, грото првпат почувствуваа како е да се освои трофеј.
Лудо беше и во Болоња, фудбалерите на овој тим со победа од 1-0 над Милан го освоија Купот на Италија. За нив ова беше првиот трофеј по повеќе од пет децении, поточно од 1974 година.
Чудо се случи и на Де Кујп каде Го Ахед Иглс го осовија Купот на Холандија со победа над АЗ АЛкмар по подобро изведување на пенали. За нив ова беше прв трофеј на елитно ниво уште од 1933 година кога беа шампион на оваа земја.
А имаше нешто важно и во Германија, но не клупско туку индивидуално. Таму Хари Кејн за првпат крена трофеј во својата кариера. Англичанецот иако важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, дури во 32. година му се израдува на првиот пехар кој го освои со Баерн Минхен.