Кои се границите за ова момче: Дончиќ со нов страшен меч влезе во историјата на НБА (ФОТО+ВИДЕО)

Само два дена после страшниот учинок со Феникс со кој влезе меѓу великаните во НБА-лигата, словенечката тинејџерска сензација Лука Дончиќ не престанува да воодушевува и посторно направи нешто со кое испиша историски момент во најсилната кошаркарска лига.

Дончиќ беше предводник на Далас Маверикс за триумф на својот тим кај Минесота со 119-115 и за помалку од 35 минути даде 29 поени, од кои 11 во одлучувачката последна четвртина, а додаде 12 асистенции и само два скока му недостигаа за трипл-дабл. Додаде и две украдени топки и со тоа го заокружи најдобриот меч во дебитантската сезона.

Со тоа Дончиќ стана првиот тинејџер во историјата на кого му успеало со ваква статистика да заврши еден меч.