Кармело Ентони си пронајде нова екипа во НБА-лигата (ФОТО)

Една година траеше сагата за иднината на еден од најпознатите кошаркари во НБА-лигата, Кармело Ентони, кој од почеток на минатата сезона беше без клуб, откако испадна од екипата на Хјустон рокетс.

Во меѓувреме речиси сите клубови од НБА се поврзуваа со популарниот Мело, а најмногу се шпекулираше дека ќе се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

Сепак, на крајот Мело ќе потпише за Портланд трејл блејзерс до крајот на сезоната, а екипата ќе може да го раскине договорот во било кој момент на штета на кошаркарот.

Портланд ќе биде петти клуб во кариерата на Ентони, па останува прашањето дали ќе се вклопи во екипата, која веќе има два врвни стрелци, а тоа се Лилард и МекКолум.