УЕФА исфрли клуб од европските купови поради наместени натпревари

Европската фудбалска унија (УЕФА) реши да го исклучи азербејџанскиот клуб Туран од Конференциската лига поради сомнежи за местење натпревари.

Туран минатата сезона го освои третото место во домашното првенство и избори квалификации за Конференциската лига, но екипата нема да настапи во европското натпреварување.

Екипата најави дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража и се надева дека ќе биде вратена во квалификациите за Конференциската лига.

Фото: Facebook/Turan Tovuz PFK