Јокиќ збесна на судијата – му се внесе во лице и го бркаше по теренот (ВИДЕО)
Инцидентот се случи во последните секунди од натпреварот кога Србинот, борејќи се за позиција под кошот, беше соборен на паркетот од страна на Дерек Лајвли, по офанзивен скок со кој обезбеди уште една шанса за напад на својот тим. Во истата акција, Џамал Мареј постигна тројка, но Јокиќ инсистираше на реакција од судијата за контактот кој го претрпе.
Најдобриот кошаркар во светот со раширени раце се упати кон судијата, бурно разговараше со него, а потоа и викна во знак на протест. Тој го бркаше судијата по теренот и му се внесуваше в лице, но и покрај тоа не доби техничка грешка, која во НБА често се доделува за многу помали инциденти, како доказ за неговиот авторитет дури и кај делителите на правдата.
Јокиќ е познат по својата смиреност на теренот и ретко покажува вакви емоции, а неговата реакција ги нагласува тензиите во натпреварите на високо ниво, каде што секој момент може да го промени исходот.