Јокиќ во опасност - може да испадне од конкуренција за МВП наградата

Никола Јокиќ ќе мора да игра против Сан Антонио Спарс ако сака да остане во конкуренција за индивидуалните награди оваа сезона, вклучувајќи го и признанието за МВП. 

Српскиот центар го пропушти натпреварот против Оклахома и сега има 64 одиграни натпревари – еден помалку од нормата која пред неколку години ја постави НБА. Против Сан Антонио не само што мора да игра, туку треба да на теренот да помине најмалку 25 минути за да му се важи како одигран натпревар. 

На прес-конференцијата по ноќешниот натпревар со Тандер, главното прашање за тренерот Аделман беше дали Јокиќ ќе игра.

„Ќе разговараме за тоа утре. Успехот во плејофот вреди повеќе од сè друго. Но, тоа правило сега ни виси над главите. Треба да донесеме правилна одлука, да направиме план - дали ќе ги игра тие минути или само ќе продолжиме понатаму и ќе се надеваме дека на лето ќе разбере дека мора да има исклучоци од правилото. Го кажав тоа и претходно - ако Шеј и Никола одиграат 64 натпревари, а не се во првите пет - тогаш имаме проблем. Го разбирам правилото, но... Ќе разговараме со Никола“, рече Аделман.

Денвер ќе влезе во плејофот од третото или четвртото место на Западот, во зависност од резултатот од последниот натпревар. За Јокиќ е важно да влезе во идеалните петорки на НБА не толку за оваа сезона, колку за неговите идни договори бидејќи само така може да добие супермакс договор.