
Јокиќ си ја докажа класата – Денвер е во полуфинале на Западот (ВИДЕО)
Нагетси влегоа моќно во натпреварот и веќе по првото полувреме имаа двоцифрена предност (58-47), која дополнително ја зголемија во третата четвртина. Со фантастични 35-19 во тој период, на последната пауза влегоа со речиси недостижна разлика од 93-66. До крајот рутински ја одржаа предноста и ја осигураа победата.
Арон Гордон беше најефикасен во редовите на Денвер со 22 поени, пет асистенции и четири скока, а значаен придонес даде и Брус Браун со 21 поен, пет скока и четири асистенции. Никола Јокиќ уште еднаш ја докажа класата со 16 поени, 10 скока и осум асистенции, исто колку поени колку што постигнаа и Џамал Мареј и Расел Вестбрук. Мајкл Портер додаде 15 поени и шест скока. Кај Клиперс, Каваи Леонард беше најдобар со 22 поени, пет скока и две асистенции. Бади Браун постигна 13 поени, додека Богдановиќ и Џоунс имаа по 12. Хрватскиот центар Ивица Зубац запиша дабл-дабл со 10 поени и 14 скока.
Денвер во следната рунда ќе се сретне со Оклахома сити тандер, која ќе има предност на домашен терен. Првиот натпревар од полуфиналната серија е закажан за во вторник.
ФОТО: X / @nuggets