Јокиќ го направи петтиот трипл-дабл по ред, 150. во кариерата! (ВИДЕО)
Денвер уште од првата четвртина направи убедлива предноста и брзо го реши прашањето околу победникот. Домаќините во последниот период влегоа со +25 поени, беше 110-85. Па во опуштена игра до крајот му дозволија на противникот да се избори за пристоен пораз, конечниот резултат беше 132-123.
Никола Јокиќ беше убедливо најдобар на теренот, Србинот постигна 35 поени, имаше 22 скокови и 17 асистенции. Моќен трипл-дабл, петти по ред, а јубилеен 150. во НБА кариерата.
Најдобар кај Сакраменто беше Дероузен со 24 поени, Сабонис имаше добра партија со 23 поени, 19 скокови и осум асистенции.
Резултати:
Орландо - Портланд 79-101
Атланта - Торонто 119-122
Оклахома - Далас 115-121
Милвоки - Мајами 125-96
Денвер - Сакраменто 132-123
Голден стејт - Чикаго 131-106
ЛА Лејкерс - Бостон 117-96
ЛА Клиперс - Вашингтон 110-93