Шведска и Шпанија сигурно победуваат, поделени мислењата за Хрватска!

Почнувајќи со средбите од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ

ЕГИПЕТ - СЛОВЕНИЈА 1 и плус голови

По поразот од Исланд, "фараоните" треба да ги победат "змајчеки" кои во убедливиот триумф над Аргентина го загубија тешко повредениот Цехте (две скршени ребра). Вакви директни двобои за четвртфинале шпанскиот стратег Хуан Карлос Пастор, кој ги предводи Африканците, знае како се добиваат. Во последните групни дуели, Египет е голем фаворит со Зеленортски Острови а Словенија го игра екс - Ју дербито со Хрватска. Во Каиро на СП 2021, Словенија одигра реми 25-25 со домаќинот, а на ОИ 2016 го победи Египет со 27-26. Но со Пастор Египќаните се многу посилен тим.

ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА Т1 плус голови

Шпанија игра со многу осцилации на овој Мундијал, Португалија е без пораз со реми против Шведска во претходната рунда. Затоа побезбедна варијанта од конечен исход, мислам дека е оваа зашто "фуријата" има играчи за 30 и плус голови во меч во кој нема да има тактизирање. Шпанија во последното коло игра со Бразил, а Португалија против Чиле.

ХРВАТСКА - ИСЛАНД 1Х

Уште една директна пресметка за првата нокаут рунда. Според досегашните резултати, Исланд е оправдано фаворит. Но Хрватска пред своја публика е секогаш опасна и затоа дупла шанса. На двете последни ЕП е изедначено во меѓусебните натпревари. Лани во Келн, Исланд победи со 35-30 а во 2022 во Будимпешта славеше Хрватска со 23-22.

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ

ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА 1

Шпанија во минатото победувала кога сите ја отпишувале, па затоа денеска верувам дека ќе успее да слави над Португалија.

ХРВАТСКА - ИСЛАНД 2

Хрватите влегоа во ,,војна" со навивачите и медиумите, се помалку се насочени кон ракомет и тоа денеска мислам дека ќе го искористи Исланд. Ова можеби е ризичен тип, но таков е денот.

ШВЕДСКА - БРАЗИЛ 1

Ова е ракомет, а не фудбал, можеби Бразил досега беше во добар ритам и победуваше против САД и против Чиле, но денеска го чека поинаков предизвик. Во оваа група се е можно, но за Шведска прва цел е победа па потоа на ред ќе дојдат калкулациите и математиките.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

ШПАНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА 1Х

Сите денешни натпревари се тешки за прогнозирање, а пиринејската пресметка е можеби најтешка. Португалија е во "занес", игра одлично, води во групата и нема да биде изненадување доколку се пласира во четвртфиналето. "Фуријата" не е толку фуриозна како некогаш, но има играчи "тешкаши" коишто знаат како е да се истрча на теренот кога победата е единствена опција. Тоа е најголемата предност на тимот на Ривера. Португалците се подготвени да се наттрчуваат, го покажаа тоа и во соочувањето со Шведска, но против "поголемиот брат" мислам дека ќе имаат кнедла во грлото. Шпанците знаат како да му парираат на противничкиот стил на игра и затоа им давам предност.

ХРВАТСКА - ИСЛАНД 1Х

Се смирија ли духовите кај Хрватите? И кога не играат на домашен терен, тие имаат големи очекувања, а сега, во Загреб, најмалку што се бара е четвртфинале. Патот до него води преку перфектниот Исланд, кој својата сила ја покажа против Египет пред два дена, а и претходно против Словенија. Да се околностите поинакви, Хрватска би била апсолутен фаворит, сега не е така, но тоа не значи дека нема шанси. "Арена" би требало да биде преполна, хрватскиот селектор Сигурдсон знае како против своите, на Светското првенство му е потребен коорганизаторот во елиминациската фаза и мислам дека коцките ќе дојдат на свое место, а "коцкестите" на крајот ќе се реваншираат за поразот на ланскиот континентален собир. Пред тоа Исланд не знаеше за триумф против Хрватска на седум натпревари по ред.

ШВЕДСКА - БРАЗИЛ 1

Иако табелата не го покажува тоа, Швеѓаните треба да се големи фаворити против Бразил. Сепак, недозволиво е да се заборави дека "кариоките" славеа над Норвешка во Осло, така што не смее да бидат отпишани. Но искуството од големи натпревари е на страна на "трите круни", Готфридсон е докажан диригент и ќе го намести оркестарот на вистинска скала. Затоа коефициентот не е голем, но денеска е тежок ден за прогноза, а совршен ден за уживање во врвен ракомет. Затоа доколку се остварат потешките типови, ова нека биде дополнување за поголема добивка