Почна судењето против Рубиалес, сведочеше фудбалерката која ја бакна во уста!

Шпанската фудбалерка Џени Ермосо сведочеше на судењето против поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

Ермосо кажа дека бакнежот од Рубиалес ѝ го уништил „најсреќниот ден“ во нејзиниот живот, а тоа е дополнителен удар за Рубиалес кој е обвинет за сексуален напад.

Рубиалес присилно ја бакна Ермосо на победничкиот подиум, откако женската репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство (СП) во 2023 година.

„Рубиалес ме бакна, јас не дадов дозвола за такво нешто. Бакнеж во уста се добива само кога ќе дадете дозвола за такво нешто“, кажа Ермосо.