Јован Манев се раздели со Адана
Дефанзивецот преку социјалните мрежи потврди дека заминува од турскиот клуб каде што пристигна во 2022 година. Во текот на престојот во Турција, Манев имаше и една позајмица во Осијек.
Aдана беше и првиот клуб за 24-годишниот дефанзивец во странство, претходно во Македонија беше дел од Брегалница и Осогово.
Зад себе Манев има и седум настапи за македонската репрезентации во кои успеа да постигне и еден гол.