Заниоло повторно го промени клубот: Се врати онаму каде што започна
Во само една година Заниоло по четврти пат ќе го промени клубот откако денес неговата позајмица ја потврди Фиорентина.
Клубот од Тоскана за позајмицата на Заниоло ќе плати 4.2 милиони евра на Галатасарај и ќе има опција за откуп на лето за сума од 15.5 милиони евра.
Заниоло во Италија го носеше дресот на Рома од каде што се пресели во Галатасарај, а потоа следуваа позајмица во Астон Вила и Аталанта која одлучи да ја прекине позајмицата со него по доаѓањето на Даниел Малдини.
Настапуваше Заниоло и за Интер, додека преселбата во Фиорентина за него е враќање во клубот каде што во младинските категории ја започна кариерата и помина шеста години.
Nicoló è Viola💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/2eXyTROm1v
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) February 3, 2025