Бојан Димовски е на чекор до трансфер во Партизан!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Димовски е пред потпис со Партизан, пишува српски „Телеграф“.

Партизан и рускиот клуб Акрона каде што игра Димовски, се во завршна фаза од преговорите за македонскиот фудбалер.

Тој треба да потпише на позајмица до крајот на сезоната со опција за целосен откуп за 200.000 евра.

Димовски за Македонија има одиграно 18 натпревари.