Реал Мадрид испрати жалба за судењето против Еспањол: Ова ги помина сите граници!

Реал Мадрид викендов во шпанската Ла Лига беше поразен од Еспањол со 1-0, а по овој натпревар од таборот на „кралевите“ имаа забелешка на арбитражата на судиите.

Денеска шпанскиот гигант и официјално потврди дека испратиле жалба до Фудбалскиот сојуз на Шпанија за судењето во овој натпревар.

„Настанатите што се случија во овој натпревар ја надминаа секоја граница на човечка грешка или толкување. Одлуките против Реал Мадрид достигнаа ниво на манипулација и ова е нешто кое повеќе не може да се игнорира“, стои во објавата на „кралевите“.

Реал Мадрид сезонава по 22 кола е лидер во шпанското првенство со 49 бода, Атлетико е второпласиран со бод помалку, а Барселона има 45.