Милан го потврди Хименез, росонерите имаат нов напаѓач

Сантијаго Томас Хименез е нов напаѓач на Милан, тој доаѓа од Феенорд, а росонерите за него издвоија 32 милиони евра плус три милиони евра во бонуси.

Мексиканецот стави потпис на договор до јуни 2029 година.

„Милан може да соошти дека ги стекна спортските права на Сантијаго Томас Хименез од Феенорд. Мексиканскиот напаѓач потпиша договор до 30 јуни 2029 година“, објави италијанскиот клуб.

Хименез имаше импресивни партии за Феенорд, на 105 натпревари постигна 65 голови, имаше и 14 асистенции. Тој доаѓа на местото од Мората кој замина во Галатасарај.