Белоти потпиша за Бенфика, првпат ќе игра надвор од Италија

Италијанскиот напаѓач, Андреа Белоти до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во Бенфика од Комо.

Бенфика ја потврди позајмицата на Белоти кој во последниот ден од преодниот рок се пресели во Португалија.

„31-годишниот напаѓач Белоти ѝ се приклучи на Бенфика. Италијанскиот фудбалер доаѓа на позајмица од Комо со трајност до крајот на сезоната. Тој ќе го носи дресот со број 19“, стои во соопштението на португалскиот клуб.