Постигнат договор: Жоао Феликс ќе го засили Милан

Португалецот Жоао Феликс вториот дел од сезоната ќе го помина во редовите на Милан, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Челси и Милан постигнале конечен договор за позајмица на фудбалерот со тоа што Италијанците ќе ја преземат платата на Феликс која изнесува пет милиони фунти. Исто така Милан нема да има опција за откуп на неговиот договор и за потенцијален перманентен трансфер би се разговарало на лето.

Медицинските прегледи се веќе закажани и се очекува до крајот на денот да пристигне и официјална потврда.