Гвардиола активира „бомба“ - 60 милиони евра за фудбалер на Порто!

Манчестер сити ангажира уште едно засилување, откако се соочи со катастрофални резултати во изминатиот период, па така од денеска дресот на „граѓаните“ ќе го носи Нико Гонзалес.

„Граѓаните“ имаа успешни преговори со португалскиот гигант за Гонзалес и ќе исплатат дури 60 милиони евра.

Гонзалес ќе ги помине медицинските прегледи, по што ќе стави потпис на договор со премиерлигашот.