„Мараш намерно го згазна Гидсел што е доказ на нивната крвничка игра!“

Ракометарите на Данска триумфираа против Хрватска со 32-26 во финалето на Светското првенство (СП), а за време на дуелот се случија неколку контроверзни моменти од кои еден ги налути Данците.

Матео Мараш го згазна Матијас Гидсел додека најдобриот дански ракометар лежеше на паркетот, а тоа предизвика бурни реакции од Данска.

„Тоа е валкан потег, намерно го згазна. Ова ме прави многу лут. Да се згази на зглобот на Гидсел, тоа е една од најгрдите работи кои сум ги видел. Мараш намерно го згазна Гидсел што е доказ на нивната крвничка игра“, кажа коментаторот на „ТВ2“ и поранешен репрезентативец, Клаус Молер Јакобсен.