Недановски доби нова улога во Вардар

Владо Недановски кој беше тренер на Вардар пред Гиљермо Милано сега добива нова функција во клубот.

Како што информираше Вардар, Недановски сега ќе биде задолжен за работењето на сите младински категории во тимот.

Недановски своевремено бешеи  ракометар на Вардар и со „црвено-црните“ освои две европски шампионски титули во Келн, а сега ќе се грижи за младите таленти во клубот.

„Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.

Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим“, соопштуваат од Вардар.