Јокиќ го „малтретира“ Дончиќ - му истури вода на глава, па го удри со шише (ВИДЕО)

Вечерва во Љубљана се одржува прошталниот натпревар на Горан Драгиќ, а меѓу главните ѕвезди на настанот се Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Покрај атрактивните потези, двајцата беа исклучително расположени за шеги. И покрај тоа што е гостин, Јокиќ го „малтретираше“ словенечкиот ас при еден тајм аут.

Прво му истури вода на главата, а потоа го удри со шише, исто така во глава. Ова не е првпат да му прави такви работи, нешто слично беше и на последниот НБА Ол стар кога Дончиќ дури и го опцу пред камерите.