Гави по 10 месеци почна да тренира, но ќе почека на настап за Барселона

Талентираниот фудбалер Гави го имаше првиот тренинг по пауза од 10 месеци по тешката операција, но ќе мора да почека на настап за Барселона.

Гави минатиот ноември се повреди во квалификациите за Европското првенство (ЕП), па го пропушти и турнирот кој се одигра во Германија.

Доколку се одвива сè во најдобар ред, тогаш Гави се очекува да го има првиот настап за Барселона дури во декември.