Веспрем го освои Берлин, Загреб поразен од Кјелце

Унгарскиот тим Веспрем оствари победа на гостувањето кај Фуксе Берлин со 32-31, Загреб беше немоќен против Кјелце (30-23) на стартот на Лигата на шампиони (ЛШ).

По израмнетиот старт во Германија, Фуксе ја презема контролатаи поведе со 13-8, но Веспрем во продолжение влезе во ритам и до полувреме израмни на 16-16.

Веспрем на почетокот на вториот дел направи пресврт и го контролираше мечот сè до крајот кога повторно беше возбудливо, а на крајот славеше со 32-31.

Ремили постигна 11 голови за Веспрем, додека Гидсел беше стрелец на 10 погодоци.

Загреб издржа само едно полувреме во Полска (13-13), по што Кјелце ги презема работите во свои раце и доминираше во вториот дел за триумф од 30-23.

Карачиќ постигна пет голови за Кјелце, додека Кларица и Кос запишаа по пет погодоци за Загреб.