Ново разочарување: Надал се откажа од Лејвер купот

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал се откажа од настап на Лејвер Купот.

Љубителите на тенисот очекуваа Надал да се појави на Лејвер купот, но шпанскиот тенисер ги разочара.

„Многу сум разочаран затоа што морам да соопштам лоша вест. Нема да се натпреварувам на Лејвер купот кој се игра во Берлин. Имам многу убави спомени од турнирот“, кажа Шпанецот.

Надал посочи дека ќе му даде поддршка на Тимот Европа на Лејвер купот.