Ѓоковиќ кажа зошто олимпиското злато му е најголем успех во кариерата
Ѓоковиќ во разговор со српските новинари откри зошто златниот медал во Париз му е најголем успех во кариерата.
„Постојат повеќе причини, а првата е тоа што ја претставував Србија, а потоа и затоа што е најважен спортски настан кој се одржува секои четири години. Исто така, друга причина е тоа што бев повреден и се оперирав два месеци претходно, а потоа во финале победив ривал кој ме совлада на Вимблдон“, кажа Ѓоковиќ.