Суперкомпјутерот пресмета кој ќе ја освои Лигата на шампиони

Лигата на шампиони (ЛШ) од оваа сезона ќе има нов формат и се очекуваат поголеми возбудувања затоа што се играат повеќе натпревари, додека во меѓуврме Суперкомпјутерот пресмета кој ќе го крене пехарот.

Прв фаворит за освојување на елитното натпреварување е англискиот шампион Манчестер сити, кој има 24,9 отсто шанса да ја освои титулата, додека втор е Реал Мадрид со 17,8 отсто шанси.

Зад нив следи Интер со 10,7 проценти, па Арсенал со 6,34 отсто и во топ-5 е Баrселона со 6,0 отсто шанси да го освои трофејот во ЛШ.