Мелсунген беше пресилен за Томовски и Потсдам

Потсдам го запиша и вториот пораз во Бундеслигата, откако денеска загуби на гостувањето кај Мелсунген со 23-31.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо беше незапирлива за аутсајдерот, а победата ја најави уште по првото полувреме кое го доби со 18-13.

Македонскиот голман Мартин Томовски запиша пет интервенции за Потсдам, додека најефикасни во победничкиот тим беа Ендерлајд и Кастенинг.