Динамо Букурешт ја прегази Фредериција, Магдебург загуби на гости во Сегед

Динамо Букурешт славеше со убедливи 37-28 на стартот на Лигата на шампиони (ЛШ), додека до победа вечерва стигна и Пик Сегед против Магдебург со 31-28.

Фредериција имаше водство против Динамо во поголемиот дел од првото полувреме (11-8), но потоа домаќинот го засили темпото и го натера гостинот да влезе во серија грешки за на полувреме да стигне до пресврт (18-14).

Динамо во второто полувреме постојано ја зголемуваше предноста која на крајот достигна девет голови (37-28). Најефикасен во победничкиот тим беше Трастарсон со шест голови, додека Хенеберг постигна девет погодоци за Фредериција.

Пик Сегед и Магдебург водеа голема борба во првото полувреме, а на паузата со предност од 18-17 замина гостинскиот тим.

Возбудливо беше и на почетокот на вториот дел, но Пик Сегед го реши мечот со серија од 7-0 (26-2), по што Магдебург не успеа да се врати во игра до крајот на средбата. Шоштариќ беше најефикасен кај Сегед со шест голови, додека Магнусон постигна пет погодоци за Магдербуг.