
Јокиќ ги збуни сите: За две години нема да бидам во НБА... (ВИДЕО)
Новинарите му покажаа една изјава од младата кинеска ѕвезда Јанг Хансен кој минатиот месец беше избран како 16. пик на драфтот од Портланд и веќе потпиша договор со овој тим. Хансен призна дека го обожава Јокиќ, па Кинезите го прашаа српскиот ас што има да каже на таа тема.
„Добар е и среќен сум што нема да бидам во НБА за две години, кога ќе биде во врвна форма...“, рече Јокиќ, но потоа се поправи и рече дека можеби ќе биде во лигата. Сепак, му посака многу среќа на Хансен и вети дека ќе му даде автограм и ќе се фотографира со него кога ќе се видат.
Кошаркарот на Денвер наскоро јаа завршува турнејата низ Кина и би требало да се приклучи на српската репрезентација на подготовките за Европското првенство.