Историска ноќ: Леброн направи нешто кое им успеало само на уште тројца!

Леброн Џејмс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до важна победа против Феникс Санс од 101-73, а овој меч беше посебен за него по една статистичка категорија.

Леброн мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и шест скокови.

Тој стигна до 12.000 асистенции во НБА кариерата, нешто кое им успеало само уште на Џон Стоктон (15.806), Крис Пол (12.552) и Џејсон Кид (12.091).

За Лејкерс ова беше многу важна победа бидејќи во првото коло од плејофот ќе ја имаат предноста на домашен терен.

Резултати:

Атланта - Кливленд 124-102
Шарлот - Детроит 100-118
Вашингтон - Мајами 117-140
Бостон - Њу Орлеанс 144-118
Индијана - Филаделфија 94-105
Њујорк - Торонто 112-95
Чикаго - Орландо 103-127
Милвоки - Бруклин 125-108
Сан Антонио - Далас 139-120
Денвер - Оклахома 127-107
Хјустон - Минесота 132-136
Јута - Мемфис 147-101
Портланд - ЛА Клиперс 116-97
Сакраменто - Голден стејт 124-118
ЛА Лејкерс - Феникс 101-73